Од ноември 6 нови авиолинии

Bez autora
May 13 2012

Туризмот останува во фокусот на владините мерки и политики. Нови авиолинии ќе стартуваат од ноември годинава, а ќе летаат до познати светски дестинации. За таа цел следната недела ќе биде објавен меѓународен тендер за субвенционирање нискобуџетна авиокомпанија која ќе треба да отвори шест нови линии. Bо тендерот е предвидено 40 илјади евра да бидат дадени веднаш за првите шест линии, а потоа за секоја наредна линија дополнителни 30 илјади еднократно, како и за секој патник дополнителна поддршка од седум, осум или девет евра. Тоа ќе биде една сериозна поддршка од Владата со цел зголемување на бројот на туристи. Cо тоа македонските граѓани ќе добијат нови авиолинии и можности за патување на полесен, побрз и поевтин начин. Тоа ќе биде добро и за оние што имаат хотели во Македонија, како и за сите туристички работници, но и за сите граѓани не само од аспект на туризмот, туку и од аспект на поевтини и подиректни патувања.

Од ноември 6 нови авиолинииТуризмот останува во фокусот на владините мерки и политики. Нови авиолинии ќе стартуваат од ноември годинава, а ќе летаат до познати светски дестинации.

За таа цел следната недела ќе биде објавен меѓународен тендер за субвенционирање нискобуџетна авиокомпанија која ќе треба да отвори шест нови линии. Како што најави премиерот Никола Груевски во тендерот е предвидено 40 илјади евра да бидат дадени веднаш за првите шест линии, а потоа за секоја наредна линија дополнителни 30 илјади еднократно, како и за секој патник дополнителна поддршка од седум, осум или девет евра.

- Тоа ќе биде една сериозна поддршка од Владата со цел зголемување на бројот на туристи - вели Груевски и додаде дека со тоа македонските граѓани ќе добијат нови авиолинии и можности за патување на полесен, побрз и поевтин начин.

- Тоа ќе биде добро и за оние што имаат хотели во Македонија, како и за сите туристички работници, но и за сите граѓани не само од аспект на туризмот, туку и од аспект на поевтини и подиректни патувања - смета Груевски.

Премиерот информираше дека во изработка е нов закон за автокампови, за да се внесе нов квалитет и во овој дел од туризмот, оти во Македонија нема легален камп што ги исполнува бараните стандарди.

- Владата подготвува закон кој ќе оди на јавна расправа во стопанските комори и потоа за околу две недели ќе биде на владина седница. Тоа значи дека Собранието би требало да го усвои при крајот на јуни или јули - вели премиерот и додаде дека законот ќе стапи на сила по завршувањето на туристичката сезона за да не им се растурат договорените аранжмани на постоечките кампови.

Најавата дека Финансии ќе ги намали каматите на државните записи откако НБРМ ги намали каматите на благајничките записи, премиерот вели дека тоа е практично директен демант на обвинувањето на опозицијата дека НБРМ ги намалува каматите за да се пренасочат парите на банките кон државните записи кои ги продава Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik